Шампионската генерација на Црвена звезда од 1991 година се наоѓа во конкуренција за најдобар тим во историјата во изборот на шпанскиот весник „Марка“. Важни играчи во генерацијата на црвено-белите кои ја освоија титулата во Купот на шампионите беа Дарко Панчев и Илија Најдоски.
„Марка“ издвои 22 тима кои се во конкуренција за најдобар тим во историјата. Во моментов Црвена звезда, според бројот на гласови, се наоѓа на петтото место со нешто повеќе од 11.000 гласови.
Најмногу гласови има Барселона од ерата на Пеп Гвардиола, на второто место е Реал од првиот мандат на Зинедин Зидан, а на третото место е генерацијата на милан која ја предводеше Ариго Саки.
Црвена звезда во 1991 година го оствари најголемиот успех во клупската историја. Во Бари ја освои европската титула. Во финалето на пенали црвено-белите го победија Олимпик Марсеј со 5:4. Последниот пенал го реализираше Панчев.
Во анкетата на „Марка“ можете да гласате и вие со клик тука.