Top Sport

Црвена звезда преговара со Артем Дзјуба

Рускиот спортски портал „Спорт експрес“ го потврди интересот на Црвена звезда за репрезентативецот на Русија, Артјом Дзјуба.

Додека трае борбата за титулата во Србија, актуелниот лидер Црвена звезда веќе прави планови за следната сезона. Црвено-белите на три кола пред крајот се први на табелата со два бода повеќе од Партизан.

Руски „Спорт експрес“ објави информација дека искусниот 33-годишен напаѓач на Зенит е првиот пик на Црвена звезда, која бара токму таков профил на играч за следната сезона.

Дзјуба е роден на 22. август 1988 година во Москва, а во текот на кариерата настапуваше за Спартак Москва, Том, Ростов, Арсенал од Тула, а моментално е член на Зенит. Неговиот договор со тимот од Санкт Петербург истекува, па во Белград би се преселил како слободен играч.

Дзјуба има и богата репрезентативна кариера, 55 пати го носел дрес со националниот тим, постигнал 30 гола. Црвена звезда, во нападот, моментално ги има Милан Павков, Охајо Омоихуануфо, како и Ришаиро Живковиќ, кој речиси сигурно ќе го напушти клубот.

Scroll to Top