Top Sport

Црвена звезда со публика против ЦСКА

Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе одлука натпреварот во Лига Европа помеѓу Црвена звезда и ЦСКА Москва да се одигра со присуство на публика. Дуелот на стадионот „Рајко Митиќ“ е закажан за 13.февруари.

Апелација ја прифати жалбата на Црвена звезда по одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА, која првично на еден натпревар го суспендираше теренот на белградскиот клуб.

Црвена звезда е казнета со еден натпревар условно без публика во наредните две години и парично со 30.000 евра.

УЕФА на почетокот на годината го суспендира на еден натпревар стадионот „Рајко Митиќ“ бидејќи навивачите на натпреварот со БАТЕ Борисов истакнаа транспарент со поддршка на хашкиот осуденик Ратко Младиќ.

фото/mondo.rs

Scroll to Top