Top Sport

Пијан возач усмрти играч на Индијанаполис Колтс

Играчот на Индијанаполис Колтс Едвин Џексон (26) загина во сообраќајна несреќа еден час пред почетокот на 52.Супербоул кој заврши со победа на Филаделфија Иглс. Покрај Џексон во несреќата загинал и уште еден маж на возраст од 54 години.

Како што објавија американските медиуми, тие двајца стоеле покрај автомобилот кога во нив влетал друг автомобил и ги усмртил. Полицијата на местото на несреќата упасила 37-годишениот Алекс Кабрера Гонзалес кој немал возачка дозвола и бил под дејство на алкохол.

„Сите сме скршени од тага…Едвин го сакавме сите во оваа франшиза, го сакавме неовиот натпреварувачки дух“, порачаа од клубот.

Џексон е роден на 19.декември 1991 година, а во Индијанаполис пристигна во 2015 година.

Scroll to Top