Top Sport

Црвена Звезда утре ќе одржи комеморација за Синиша Михајловиќ, погребот е в понеделник

Комеморацијата за смртта на легендата на Црвена звезда, Синиша Михајловиќ, ќе се одржи утре на стадионот „Рајко Митиќ“.

„Сите бевме шокирани од веста дека Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по долга борба со тешката болест. Денеска од 10 до 17 часот е отворена книга на жалост во Музејот на ФК Црвена звезда, додека комеморацијата е закажана за в недела“, информираше Црвена Звезда на официјалната страница.

Михајловиќ со Црвена Звезда стана европски првак во 1991 година и е една од најголемите клупски легенди. Погребот е закажан за в понеделник во Рим.

 

Scroll to Top