Top Sport

Њукасл сака да го доведе Кристијано Роналдо?

Англискиот премиерлигаш Њукасл е заинтересиран да го доведе Кристијано Роналдо во тимот во зимскиот преоден рок. Тој е слободен агент и би можел веднаш да се приклучи на новиот клуб. Тој по елиминацијата на Португалија од Светското првенство тренира во базата на Реал Мадрид и ги следи случувањата на трансфер маркетот.

Медиумите на Островот откриваат дека Њукасл е единствениот кој е заинтересиран од сите клубови во Премиерлигата, а Роналдо нема на располагање клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, што беше негова желба при заминувањето од „Олд Трафорд“.

Тој тренира во кампот на „кралскиот клуб“, но Реал Мадрид не е заинтересиран да го врати во своите редови.

Според шпанскиот „АС“, Кристијано Роналдо има две понуди од Далечниот Исток. За него се заинтересирани саудискиот Ал-Наср и катарскиот Ал-Сад.

Scroll to Top