Саботната програма во Премиер лигата со победа ја затворија фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Кај Барнли „црвените ѓаволи“ забележаа победа 2:0. Ова беше само третиот натпревар во сезоната на кој Јунајтед ја сочуваа својата мрежа.
Манчестер Јунајтед уште еднаш одиграа две различни полувремиња, беа одлични и доминантни во првото, додека во второто полувреме беа речиси бес идеја за играта на противникот.
Ентони Марсијал го постигна првиот гол на мечот во 42 минута, откако претходно тој и Рашфорд промашија две добри шанси.
Францускиот интернационалец постигна уште еден гол во 50 минута кој го поништи судијата Мајк Дин.
Конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд буквално во последните секунди од натпреварот.
Со оваа победа Јунајтед се искачија на петтото место на табелата со бод помалку од Челси кој утре го игра дербито со Арсенал.