Top Sport

Дончиќ и Јокиќ „жарат и палат“ во НБА-лигата (видео)

Лука Дончиќ не престанува со своите фантастични партии во НБА лигата, откако со своите Далас маверикс ја прекина низата од пет победи на Голден Стејт вориорс со импресивна 141:121 победа, во која Словенецот стигна до трипл-дабл со 31 поен, 15 асистенции и 12 скокови и тоа со просечна прецизност од само 50 отсто.

Тим Хардавеј имаше 25 поени, Порзингинс додаде 18, додека за Вориорс Деанџело Расел имаше 35 поени, кои на крајот не беа доволни за нова победа.

Можеби најдобра партија оваа сезона имаше и Србинот Никола Јокиќ, предводејќи ги Денвер нагетс до тешка 119:110 победа над Мемфис гризлис, откако за 33 минути и тој имаше трипл-дабл – 31 поен, 10 скока и 10 асистенции.

Јокиќ во првите осум минути од мечот имаше 14 поени (од вкупно 20 за Денвер) за да се направи предност која Нагетси не ја пропуштија до крајот.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Денвер – Мемфис 119:110

Бостон – Торонто 97:113

Њу Орлеанс – Индијана 120:98

Чикаго – Атланта 116:81

Хјустон – Бруклин 108:98

Мајами – Филаделфија 117:116

Минесота – Кливленд 88:94

Вашингтон -Њујорк 100:107

Голден Стејт – Далас 121:141

Милвоки – Орландо 111:100

Сан Антонио – Детроит 136:109

Сакраменто – Феникс 110:112

Портланд – Л.А. Лејкерс 120:128

Л.А.Клиперс – Јута 107:120

Scroll to Top