Top Sport

Црвено-црн дебакл, Вардар елиминиран од Пјуник

Вардар, минатата сезона, имаше блескава сезона во Лига Европа, успеа да стигне до главата фаза, но во актуелната сезона европскиот пат го заврши во првото коло. Црвено-црните не успеаја да го мина ерменски Пјуник во дво мечот. Првиот меч во Ерменија му припадна на Пјуник 1:0, а вечерва во Скопје постигна гол повеќе и славеше со 2:0.

Шок терапијата и отказот што во понеделникот му беше врачен на тренерот Бобан Бабунски, не ги раздвижи фудбалерите на Вардар, кои слично како и на првиот меч во Ереван одиграа потпросечен натпревар.

Црвено-црните, во првиот дел не создадоа ниту една шанса за гол, сериозно не се ниту заканија кон голот на Пјуник, напротив гостите беа тие кои беа поблиску до постигнување на гол.

Се чини дека шансата за пласман во втората рунда, Вардар ја прокоцка на почетокот на второто полувреме, кога Барсегјан, на два пати не успеа да постигне гол, во 47. и 51.минута.

Откако ги пропушти своите шанси Вардар повторно завладеа летаргија во играта на црвено-црните, додека Пјуник трпеливо ја чекаше и ја дочека својата шанса во 85.минута кога Балде го постигна првиот, а три минути подоцна истиот играч стави точка на натпреварот и мизерното издание на Вардар.

Елиминацијата на Вардар само го заокружи катастрофалото издание на македонските претставници во Лига Европа, оваа сезона, бидејќи во вторникот, во првото квалификациско коло беа елиминирани Шкупи и Работнички.

фото: fkvardar.mk

Scroll to Top