Top Sport

ЦСКА го доби Олимпијакос во епска пресметка во Москва

Вил Клајбурн и Тајлер Дорси беа во фантастична форма за ЦСКА Москва, односно Олимпијакос во епската пресметка во петтото коло на Евролигата, која на крајот припадна на „Армејците“ со 88:82.

И без Никола Милутинов и Торнике Шенгелија, ЦСКА стигна до својата четврта победа едноподруго, откако Клајбурн заврши со 29 поени, од кои 11 во последните шест минути за импресивен триумф.

Дорси, пак, за Олимпијакос имаше 32 поени со седум тројки, а блесна на почетокот, кога грчкиот клуб имаше 12 поени предност.

ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО

Црвена звезда – Алба Берлин 63:78 (10:12, 15:26, 21:20, 17:20)

ЦСКА Москва – Олимпијакос 88:82 (20:25, 28:13, 18:21, 22:23)

Басконија – Монако 78:66 (21:20, 17:15, 22:11, 18:20)

Барселона – Зенит Санкт Петерсбург 84:58 (20:19, 24:8, 22:14, 18:17)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top