Top Sport

ЦСКА се засилија со Норвежанец од Стабек

Младиот норвешки фудбалер, Емил Бохинен, потпишал договор со ЦСКА Москва.

Фудбалерот кој е роден во 1999 година, со трофејниот клуб од Москва, потпишал четиригодишен договор.

Бохинен во ЦСКА пристигна од Стабек, чии член бил од 2017 година. Во досегашната кариера тој ги минал сите младински селекции во норвешката репрезентација.

Таткото на Бохинен е поранешниот фудбалер на Дерби каунти и Блекбурн, Ларс Бохинен.

 

Scroll to Top