Top Sport

„Да беше Салах Англичанец, секој ден ќе му креваа статуи“

Египет успеа да ја победи Јужна Африка и да се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Мохамед Салах го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал.

Веројатно најдобриот играч на Ливерпул во оваа деценија, а потенцијално и понатаму, се мачи оваа сезона на клупско ниво, како и остатокот од тимот, но се чини дека токму Салах добива најмногу критики. Многумина веќе го отпишаа, велејќи дека е поранешен играч и дека е време за билет во еден правец кон Саудиска Арабија.

Емануел Адебајор, кој ги гледа натпреварите на Африканскиот куп, го коментираше Салах и му одговори на Џејми Карагер, поранешен играч на Ливерпул и еден од најголемите критичари на Салах оваа година.

„Мо Салах е фудбалер кој игра на врвно ниво речиси една деценија. Тој е еден од најдоследните во светот на фудбалот. Да се сугерира дека е поранешен фудбалер и дека станал проблем за Ливерпул е погрешно. Дава се од себе сезона по сезона“, рече Адебајор и додаде:

„Салах не е само икона на африканскиот фудбал, тој е глобална икона. Кога имате играч како него, мора да го славите, а не да го критикувате. Карагер беше одличен дефанзивец и многу добро знае колку е комплицирано да се игра против играч како Салах. Давањето такви коментари во студиото покажува дека заборавил како е долу на теренот.“

„Доколку Салах беше Англичанец, неговите статуи ќе се појавуваа секој ден. Но, бидејќи е Африканец, полесно е луѓето да го критикуваат, а тоа е штета“, рече Адебајор.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');