Top Sport

„Да бев тренер на ПСЖ ќе скокнев од мост“

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, признал дека бил шокиран од елиминацијата на Пари Сен Жермен во осмина-финалето од Манчестер Јунајтед.

Анчелоти ги предводеше Пари Сен Жермен во периодот од 2011 до 2013 година. Во сезоната 2012/2013 ја освои титулата во домашното првенство.

Манчестер Јунајтед, со „пола“ тим, во средата, успеаја да победат во Париз (1:3) и да го надоместат минусот од 2:0 што го имаа по првиот натпревар. Маркус Рашфорд го постигна решавачкиот гол во 93 минута од пенал.

„Тоа беше неверојатно. Да сум тренер на ПСЖ не знам што ќе направев. Веројатно би скокнал од најблискиот мост откако Јунајтед го постигнаа третиот гол“, истакнал Анчелоти.

Актуелниот тим на Анчелоти, Наполи, синоќа, направи џиновски скок кон пласманот во четврт-финалето во Лига Европа. Наполи, во првиот осмина-финален меч, со 3:0 славеа над Салцбург.

Scroll to Top