Top Sport

Да не беше КОВИД-19, Погба ќе беше фудбалер на Јуве

Пол Погба повторно е тема во италијанските медиуми, откако Французинот призна дека поминува низ најтешкиот дел од својата кариера во Манчестер јунајтед, каде што Оле Гунар Солскјер веќе не го поставува во првиот тим.

„Ѓаволите“ веќе ја активираа клаузулата во неговиот договор со што тој сигурно останува на „Олд Трафорд“ во јуни 2022, но Јувентус постојано ја следат ситуацијата и според познатиот италијански новинар Фабрицио Романо да не беше епидемијата на КОВИД-19, тој веќе ќе беше вратен во Торино.

Јувентус, сепак, би имале проблеми со балансирањето на буџетот доколку не продадат дел од ѕвездите и ги намалат платите на сегашните фудбалери. Во текот на летото, Јувентус одредија фиксна сума за плати за нови играчи од 9-10 милиони евра, но Погба на Олд Трафорд заработува 16.7 милиони евра годишно во Јунајтед.

Scroll to Top