Тренерот на Тотенехем, Маурисио Покетино, пред првиот полу-финален натпревар со Ајакс оценил дека Барселона се фаворити за освојување на титулата бидејќи тие го имале Лионел Меси.
„Лично мислам дека е фаворит тимот што го има Меси, а тоа е Барселона. Без Меси сите полу-финалисти ќе имаа еднакви шанси за титулата“, рекол Покетино и продолжил.
„Лео е најдобриот играч во светот и тој е мотивиран да се бори за трофејот во Лигата на шампионите. Долги години е на врвот и таму ќе остане додека тој тоа го сака“.
Тотенехме вечерва ќе ги пречекаат Ајакс во првото пол-финале, ден подоцна Барселона ќе им биде домаќин на фудбалерите на Ливерпул.