Top Sport

Јокиќ ги реши Блејзерс, брејк на Филалдлефија во Канада (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс водат со 1-0 во полу-финалната серија против Портланд Трјлблејзерс. Нагетс, предводени од Никола Јокиќ, првиот меч го добија со 121:113. На Истокот, Филалделфија израмнија на 1-1 против Торонто Репторс. Играчите на Филаделфија победија во Канада 94:89.

Играчите на Денвер, против Портланд, го диктираа ритамот од почетокот на мечот, а клучната предност ја стекнаа во средишницата на третиот период, кога Јокиќ им донесе двоцифрена предност (73:63).

Извонредниот српски центар одигра уште еден брилијантен меч во плејофот, тој на крајот зад своето име забележа 37 поени, 9 скока, 6 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади. Во клучната трета четвртина Јокиќ забележа 15 поени, 5 скока и 3 асистенции.

Србинот имаше одлична поддршка од соиграчите: Џамал Мареј забележа 23 поени и 8 асистенции, Пол Милсап 19 поени и 6 скока, а Гери Херис 11 поени.

На спротивната страна Демијен Лилард беше најефикасен со 39 поени, а иако повреден Енес Кантер одигра одличен меч (26 поени, 7 скока).

Во Канада, играчите на Филаделфија реагираа на вистински начин по убедливиот пораз во првиот меч, предводени од Џими Батлер направија брејк со победата 94:89.

Батлер имаше учинок од 30 поени, 11 скока и 5 асистенции, Џејмс Енис забележа 13 поени и 6 скока.

Кај Торонто тројца играчи постигнаа дури 76 поени. Каваи Ленард се истакна со 35 поени, 7 скока и 6 асистенции, Паскал Сијакам забележа 21 поен, 7 скока, 3 асистенции и 4 блокади, а Кајл Лаури постигна 20 поени.

Scroll to Top