Top Sport

„Да не бевме ние, Сити во февруари ќе ја славеа титулата“

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на мечот со Интер во Лигата на шампините, рекол дека Сити во февруари ќе биле шампиони да не е неговиот тим.

Сити и Ливерпул, ја освојуваат шампионската титула во Премиер лигата во последните четири сезони, табелата покажува дека и оваа трофејот ќе заврши кај Сити или Ливерпул.

Манчестер сити се први на табелата со 69 бода, шест повеќе од Ливерпул кој има натпревар помалку.

Само еднаш во последните четири години, шампионот освоил помалку од 98 бода.

„Ова е најсилното првенство во светот. Ние уживаме во овој предизвик. Да не сме ние тука оваа сезона или да не бевме тука во последните две-три сезони, Сити во февруари ќе беа шампиони. Бидејќи ние сме тука, првенството е неизвесно. Да не беа тука Сити ние ќе имавме добри шанси да бидеме шампиони“, рекол Клоп.

Ливерпул, вечерва со предност од 2:0, ќе го започне осмина-финалниот реванш против Интер, во Лигата на шампионите.

Scroll to Top