Top Sport

„Да не гласаа Албанија, Уганда, Финска, Намибија Винисиус ќе ја добиеше Златната топка“

Претседателот на Реал Флорентино Перез одржа говор на Ггенералното собрание на клубот. Тој уште еднаш го најави почетокот на Суперлигата и зборуваше за густиот распоред, а се осврна и на Златната топка, наградата за најдобар светски фудбалер, која годинава му припадна на играчот на Манчестер сити, Родри.

Да потсетиме, многумина очекуваа дека лауреат ќе биде крилниот напаѓач на Реал Винисиус Жуниор. Кога во Мадрид дознаа дека тоа нема да се случи, го бојкотираа доделувањето на наградата во Париз.

„Да не беа Намибија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше Златната топка. Гласаат луѓе кои не знаат за него. Покрај сето тоа, тие земји не му дадоа ниту еден глас“, рече Перез, а пренесува „АС“, нагласувајќи дека претседателот Реал во тој момент се насмеал. „Ниту еден глас! Барем финското жири потоа си поднесе оставка. Го ценам тоа“, додаде Перез.

Шпанецот Родри ја освои Златната топка пред тројца играчи на Реал Мадрид: Винисиус, Џуд Белингем и Дани Карвахал.

„Мора да ги прашате организаторите кои се критериумите, но јасно е дека тие можат да прават што сакаат. Би ги прашал „Франс Фудбал“ и „Лекип“ (кои ја доделуваат Златната топка, оп. а.) дали има смисла да бидеме партнери со УЕФА. Гласањето за Златната топка треба да биде независно и треба да гласаат познати луѓе. “рече Перез и дополни.

„Родриго ја има нашата почит, тој ја заслужи Златната топка. Ама не оваа, мораше да ја добие играч на Реал, без разлика какви критериуми се применуваа. Винисиус требаше да ја добие, но можеше да оди и кај Карвахал. Тешко е да се објасни. Има изненадувања, како изјавата на УЕФА. Тие рекоа дека не влијаеле на гласачкиот систем.

„По ѓаволите, го сменија системот на гласање (од пет играчи на десет) и бројот на бодови (од шест на 15). Изненадувачки е што, бидејќи фудбалот е глобален, новинарите од земји со голема популација како Индија не гласаат, додека други со помалку од милион жители гласаат“, продолжи Перез.

Scroll to Top