Top Sport

„Да сум Халанд никогаш не би бил соиграч со Мбапе“

Флорентино Перез, според „Билд“, постигнал договор со Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач, како што обави овој извор пред три дена, ќе добие бруто плата во износ од 50.000.000 евра.

Планот на Перез е во Реал, покрај Мбапе да игра и Ерлинг Халанд. Норвежанецот е под договор со Борусија Дортмунд, но извесно е дека во летниот преоден рок ќе го напушти клубот.

Халан и Мбапе во ист тим значи неограничен напаѓачки потенцијал, но и пречка кога се во прашање индивидуалните награди.

„Да сум на местото на халанд и да сакам да ја освојам „Златната топка“, тогаш никогаш не би одел во тим во кој игра Мбапе“, рекол фудбалерот на Барселона, Џерар Пике.

Scroll to Top