Фудбалерот на лондонски Тотенхем, Ерик Даер го продолжи договорот со Спарси до 2024 година, соопштија денеска од клубот.
„Многу сум среќен што ќе го продолжам патот со Тотенхем. Клубот ми даде можноста во Англија и сакам да ни биде уште подобро“ изјави Даер за клупскиот сајт.
Даер има 26 години, а во Тотенхем е од 2014 година. Претходно настапуваше во Спортинг Лисабон.
За Тотенхем одигра 239 меча и постигна 11 гола.
?️ "I want to prove myself in this position and Tottenham is the best place for me to do that."#THFC ⚪️ #COYS pic.twitter.com/7soSrAJKIL
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 21, 2020