Ерик Даер го имаше товарот на целата за фудбал гладна англиска навивачка нација кога требаше „само“ да го реализира последниот пенал за Англија да скрши долгогодишна пенал-клетва против Колумбија.
И 24-годишниот фудбалер на Тотенхем го направи тоа совршено, за што несомнено ќе биде фален низ англиските таблоиди и сајтови. Тој признава дека нервите го направиле тоа.
„Секако дека бев нервозен. Никогаш не сум бил во таква ситуација и претходно и чувствував дека морам да погодам посебно бидејќи претходно промашив одлична ситуација со глава. Но, сепак, Џордан е нашиот вистински херој, кој ги заслужува пофалбите. Неговото однесување е фантастично, а ние знаевме што може да направи откако го гледавме на тренинзите. Беше тешко да се вратиме во игра по голот во 93. минута, но мислам дека останавме смирени и немаше паника“, вели Даер.
Пикфорд, кој го одбрани пеналот на Карлос Бака за да ги постави Англичаните во победничка ситуација беше самоуверен.
„Сѐ имав проучено. Имам моќ и агилност. Не ми е грижа што не сум највисокиот голман, но тука сум кога е потребно за мојот тим. Знаев дека го имаме натпреварот во раце, иако моравме да го добиеме преку пенали“, вели голманот на Евертон, кој инаку е најскапиот голман во Премиер лигата.
Фото: ЕПА