Top Sport

Даглас Коста донесе нови три поени за Јуве (видео)

Голот на Даглас Коста во 16. минута беше доволен Јувентус да го совлада тимот на Џенова со 1:0, за кој до 72. минута играше и Горан Пандев.

„Бјанконерите“ со трите поени се доближија на еден поен зад Наполи на второто место во Серија А. Даглас Коста успеа да влезе во шестнаесетникот и да ја додаде топката до Марио Манџукиќ, кој направи одлично двојно проигрување, и Јувентус водеше со 1:0.

Џенова останува на 15. место во Серија А со 21 поен, три поени над опасната зона.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');