Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота веднаш се фати за работа. Секако дека му е целта да состави тим со кој ќе може да ја нападне титулата во Серија А.
Прв на листата на желби е неговиот сонародник од Астон Вила, Даглас Луиз.
Од оваа перспектива прашање е само кога трансферот ќе биде реализиран. Според медиумите двете страни се многу блиску до договор.
Јувентус, нема доволно кеш, па ќе понуди пари и двајца фудбалери за Даглас Луиз. Во Бирмингем треба да се преселат Винстон Мекени и Семјуел Илинг, плус Астон Вила ќе добие и 20 милиони евра.
Во неодамна завршената сезона Луиз имаше учинок од 10 гола и асистенции на 53 натпревари во сите натпреварувања.
🚨⚫️⚪️ Juventus manager Thiago Motta has given green light to Douglas Luiz swap deal.
Juventus and Aston Villa are more than close to final agreement!
🟣🔵 Weston McKennie, Samuel Iling Jr. and €20m fee to #AVFC as revealed.
↪️ Personal terms for all players, now discussed. pic.twitter.com/vFqxtZggo8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 11, 2024