Top Sport

Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.

Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.

Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.

Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.

Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.

Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.

Scroll to Top