Top Sport

Дајч му одговори на Клоп: Моите играчи се добро згрижени

Менаџерот на Барнли, Шон Дајч инсистира дека „доброто на играчите“ е секогаш обезбедено, откако вчера ривалот од Ливерпул, Јирген Клоп го обвини токму неговиот тим за блокирањето на враќањето на пет замени во меч, велејќи дека така се ризикува безбедноста на играчите, и посочувајќи дека Барнли немаат проблеми со составот бидејќи не се доволно квалитетни да имаат репезентативци.

Клоп порача дека додека фудбалерите на Барнли ќе „одмараат“, неговите фудбалери играат три меча за своите репрезентации. Дајч, пак смета дека петте замени ќе донесат уште поголема предност за големите клубови, бидејќи тие имаат повеќе фудбалери под договор.

„Постојано слушам за тој термин – доброто на играчите. Морам да бидам искрен и да кажам дека доброто на моите фудбалери е навистина фантастично, тие се добро згрижени. Здравјето и добросостојбата секогаш е на врвот на секоја листа, а фудбалерите постојано имаат и здравствена и секаква заштита“, одговори Дајч.

Иако имаш конфликти со Клоп во минатото, тој признава дека големите клубови имаат потежок распоред со мечевите во лигата, куповите и европските натпреварувања.

„Видете го Френк Лампард, кој сезона по сезона играше над 60 натпревари за Челси и уште мечеви за Англија. Не се сеќавам дека тогаш некој се жалеше. Знам дека времињата се менуваат, но мора да имате верба во фудбалот. Тие се професионални фудбалери и тоа е работата. Да бев обичен навивач ќе помислев: ‘Почекај, малку, фудбалерите добро се згрижени’“, додава Дајч.

Клоп со потценувачка изјава за квалитетот на Барнли: Па тие немаат репрезентативци

Scroll to Top