Top Sport

Амброзини со порака за Кеси: Манчестер јунајтед и Тотенхем не се поголеми од Милан

По шпекулациите дека следната дестинација на Френк Кеси ќе биде Премиерлигата на крајот на сезоната како слободен агент, со Тотенхем или Манчестер јунајтед како главни кандидати, поранешниот фудбалер на Милан, Масимо Амброзини му порача дека тоа не се поголеми клубови од „росонерите“.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во јуни 2022 ќе биде слободен агент, откако ги одби сите понуди на Милан за продолжување на „Сан Сиро“, барајќи 8 милиони евра по сезона, додека клубот е подготвен да оди до 6 милиони евра.

„Имам целосна почитување кон професионалните одлуки на сите фудбалери, но само сакам да кажам дека тие клубови кои му нудат поголема плата не се на повисоко ниво од Милан. Шансата да заработиш 8 милиони евра наместо 6 не би требало да биде приоритет ако си задоволен од тоа каде се наоѓаш. Милан не се второкласен тим“, вели Амброзини во неговата колумна во „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top