Шон Дајч за прв пат проговори откако доби отказ во Евертон. Соопштението во негово име го објави Здружението на менаџери од Премиер лигата, како што е вообичаено во Англија.
„Беше чест да се раководи со Евертон, клуб со голема традиција и огромна база на навивачи во Ливерпул и ширум светот, иако ова е еден од најтешките периоди во историјата на клубот.
И покрај сите предизвици со кои се соочивме, сакав да се уверам дека клубот оди во вистинска насока и дека во иднина тимот ќе може да се фокусира на натпреварите во Премиер лигата.
Би сакал да му се заблагодарам на мојот тренерски штаб и на сите што го завршија својот дел од работата бидејќи ништо не би било возможно без нивната поддршка и знаење. Сакам да им се заблагодарам и на навивачите кои секогаш беа тука кога ни беше најпотребна поддршка“, се вели во изјавата на Дајч.
„Дојде вистинското време да го напуштам клубот, тимот е во добра форма. Дејвид (Мојс, уред.) е менаџер кој заслужува голема почит и верувам дека тој и неговиот персонал ќе го туркаат клубот напред на стабилните темели што ги изградивме во изминатите две години.
На сите им посакувам многу среќа, вклучувајќи ги и сопствениците кои верувам дека ќе го однесат клубот на следното ниво и ќе го донесат успехот што сите во Евертон го посакуваат. Мојот дел во улогата на чувар на традицијата е завршен и засекогаш ќе бидам многу горд на тоа“.
Дејвид Мојс го наследи Дајч на клупата, а во англиските медиуми веќе се шпекулира дека Дајч би можел да го преземе Вест Бромвич Албион.