Top Sport

Дајте ми блиндиран автомобил и ќе потпишам

Јапонецот Кеисуке Хонда е на чекор до трансфер во бразилскиот фудбалски клуб Ботафого. Преговорите помеѓу двете страни биле во завршна фаза.

Јапонецот ќе го потпишел договорот кога клубот ќе го исполнел неговото единствено барање. Хонда бара да му биде обезбеден блиндиран автомобил.

На овој начин Хонда сакал да се заштити од криминалот во Рио де Жанеиро.

Хонда има 33 години, најдобрите партии ги пружаше во дресот на ЦСКА Москва, еден период од кариерата мина и во Милан. Последниот клуб во кариерата му бил Витесе.

Кеисуке Хонда во кариерата бил и селектор на Камбоџа.

Scroll to Top