Top Sport

Бабош и Младеновиќ го освоија Австралија опен

Унгарско-француската комбинација Тимеа Бабош и Кристина Младеновиќ ја освоија титулата на Австралија опен во конкуренција на двојки.

Бабош и Млаеденовиќ во финалето за 74 минути со 2:0 (6/2, 6/1) ја совладаа тајванско-чешката двојка Су Веи Хсиех и Барбара Стрицова.

Веи и Стрицова лошо сервираа во текот на целиот меч што е главна причина за убедливиот пораз. Во двата сета противничките три пати им направија брејк. На првиот сервис Веи и Стрицова освоија само 50 отсто од поените, додека на вториот сервис освоија само два од 17 поени.

Scroll to Top