Top Sport

Дали Алонсо ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Како гром од ведро небо одекна веста дека Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната. Тренерот одлуката ја објави преку видео порака на официјалните страници на Ливерпул.

Логично е дека веќе започнаа шпекулациите околу иднината на Клоп, но околу тоа кој ќе ја преземе неговата функција.

Германските медиуми го селта Клоп во Баерн, каде Томас Тухел ги потроши сите кредити. Оваа опција изгледа многу реално, исто како што реално делува можноста во Ливерпул да пристигне Чаби Алонсо.

Чудотворецот во Леверкузен, чиј Баер е лидер во Бундеслигата, има цврст договор со клуботно но и клаузула која вели дека може да замине доколку го побараат тимовите за кои настапувал, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн.

Значи, патот кон Ливерпул на Чаби Алонсо му е отворен, а нема дилема дека Шпанецот ќе биде прв пик на челниците на Ливерпул за нов менаџер.

Scroll to Top