Top Sport

Дали Андриј Шевченко беше најскапиот фудбалер во Премиер лигата? (видео)

Пол Погба ја има „честа“ да биде најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата, иако последното истражување на „Трансфер индекс“ посочува дека доколку се земе во предвид економијата и инфлацијата, Андриј Шевченко, кој имаше неславен период во Челси бил најскапиот.

Неверојатната куповна моќ на дел од клубовите, како таа на Пари Сен-Жермен, кои платија 220 милиони евра за Нејмар, заедно со огромните пари кои дел од клубовите (посебно англиските) ги добиваат од ТВ-правата, значи дека доколку пред неколку години трансфер од 30-тина милиони фунти изгледаше фантастичен, сега доколку се купи играч за таа цена се смета дека се направило „добра зделка“.


View Interactive Version(via Totally Money).
Целата интерактивна листа можете да ја погледнете на овој линк.

Враќањето на Погба во Англија од Јувентус, останува највисоката сума во Премиер лигата, од 89 милиони фунти во летото 2016 година, но според „Трансфер индекс“, Украинецот Шевченко ги чинел Челси 144 милиони фунти. Шева пристигна во Англија со огромна репутација од Милан за 30 милиони фунти, но тој постигна само 23 гола во две сезони на „Стемфорд бриџ“, пред да се врати во Милано, па во Динамо Киев.

Ако се приложи оваа методологија на одредување на сумата, трансферот на Алан Ширер од Блекбурн во Њукасл јунајтед од 1996 година, за тогаш светски рекорд од 15 милиони фунти, сега би вредел 125 милиони фунти. Третото место на „најскапите“ трансфери повторно го има Манчестер јунајтед, кои платија 29 милиони фунти за трансфер на Рио Фердинанд од Лидс јунајтед, сума која корегирана за инфлација би била 121 милиони фунти.

Погба е на четвртото место, по уште еден фудбалер на Јунајтед – Хуан Себастијан Верон, триото на Челси, Дидие Дрогба, Фернандо Торес и Мајкл Есиен, и уште двајца фудбалери на Јунајтед – Рој Кин и Вејн Руни во топ 10.

Scroll to Top