Италијанскиот лекар Фабијано ди Марко е последниот кој смета дека фудбалот е еден од најодговорните за катастрофалната состојба во Бергамо со корона вирусот и илјадниците жртви кои болеста ги однесе.
Тој ја поддржува теоријата според која Бергамо, град од 120.000 жители страдал откако над 50 илјади фанови на Аталанта отпатуваа во Милано за мечот од Лигата на шампионите против Валенсија, кој клубот од Бергамо го доби со славни 4:1.
„Знаев дека се подготвува катастрофа на 1 март. Влегов во одделот за итни случаи и видов тоа што нема никогаш да го заборавам. Пациенти насекаде кои се мачат со пневмонија и кои не можат да дишат. Сега имаме 15-20 мртви дневно, преку 150 пациенти во болницата, а во моментов сме најдобро опремената болница во Европа. Слушнав теории за фудбалската ’бомба’. Тоа беше на 19 февруари, кога 40 илјади луѓе од Бергамо беа на ’Сан Сиро’. Отидоа со автобуси, автомобили, со воз. Да, тоа беше биолошка бомба“, вели Ди Марко.
Chilling (??) Q&A with the man leading the fight against coronavirus in a Bergamo hospital.
On how it got so bad there: “My view: 40,000 bergamaschi going to the San Siro for Atalanta vs Valencia on Feb 19. In buses, trains, cars. A biological bomb.”https://t.co/20rgArkEda
— Daniel Friebe (@friebos) March 21, 2020