Фудбалската иднина на Еден Азар продолжува да создава шпекулации, од кои последната и најинтересната е дека Челси се подготвени да му понудат договор на Белгиецот.
32-годишниот Азар е слободен агент по катастрофалниот период во Реал Мадрид, кој конечно заврши ова лето со скор од седум гола во четири сезони на „Сантијаго Бернабеу“. Шпекулациите велеа дека тој е подготвен да стави крај на кариерата, но британските медиуми тврдат дека е можно неверојатно враќање на „Стемфорд Бриџ“, од каде што замина за сума од 100 милиони евра како блескаво засилување за Реал.
Азар постигна 110 гола во 352 настапи за „сините“, и уште е во добро сеќавање на „синиот“ дел на Лондон со две титули од Премиерлигата, ФА куп и трофеј од Лига Европа, но се верува дека Белгиецот уште е во разговори со своето семејство за својата иднина и дека нема донесено конечна одлука.