Top Sport

Погба не е единствениот – Гвардиола, Стам, Давидс и другите допингувачи во Серија А

Пол Погба е на добар пат да влезе во историјата на Серија А како славен фудбалер кој доби допинг-суспензија по позитивниот тест на тестостерон, приклучувајќи се на листата на ѕвезди како Пеп Гвардиола, Јап Стам и Едгар Давидс.

30-годишниот Погба е условно суспендиран од Јувентус за позитивниот меч на дуелот со Удинезе (каде што не играше), и „Ла газета дело спорт“ направи добра топ 10 листа на допингувачи во италијанскиот фудбал.

1.АНЏЕЛО ПЕРУЦИ
Славниот голман во октомври 1990 беше позитивен на фентермин, средство кое се користи за слабеење. Перуци не се жалеше на суспензијата и паузираше една година, по што Рома го продадед на Јувентус за 2.3 милиони евра и со „бјанконерите“ тој освои титула од ЛШ и три скудета.

2.КРИСТИЈАН БУКИ
Во 2000/01, напаѓачот на Перуџа беше позитивен на нандролон, правдајќи се дека резултатот е поради јадење на дивеч на скара. Тој доби едногодишна суспензија.

3.САЛВАТОРЕ МОНАКО
Соиграчот на Буки во Перуџа, дефанивецот Монако имаше ист позитивен резултат како Буки, и тој го имаше истото правдање, и доби едногодишна суспензија. Тој сега работи како главен скаут на Брајтон во Премиерлигата.

4.ФЕРНАНДО КОУТО
Португалецот беше позитивен на нандролон во јануари 2001 како играч на Лацио. Тој се бранеше дека тестот е позитивен поради шампон кој го користел. Тој доби 10-месечна суспензија, која подоцна му беше намалена на 4 месеци. Сега тој работи како спортски директор во Спортинг Брага.

5.ЈАП СТАМ
Холанѓанецот дојде во Лацио во 2001 од Манчестер јунајтед, но само шест недели подоцна беше позитивен на нандролон. Доби петмесечна суспензија (подоцна намалена на 4) и се врати во втората половина од сезоната. Тој помина три години во Лацио, по што играше и за Милан и Ајакс.

6.ЕДГАР ДАВИДС
Како фудбалер на Јувентус беше позитивен на нандролон во март 2001, за што доби петмесечна суспензија. Се врати со Јувентус неколку месеци подоцна.

7.ПЕП ГВАРДИОЛА
Сега славен како менаџер на Манчестер сити, Гвардиола имаше бурен период во Серија А, пристигнувајќи во Бреша во септември 2001. Тој двапати беше позитивен на нандролон и доби четиримесечна суспензија во јануари 2002. Тој тврдеше дека никогаш не земал недозволени супстанции.

8.МАРКО БОРИЕЛО
Екснапаѓачот на Милан беше позитивен на преднизон и преднизолон во декември 2006. Неговата тогашна девојка, Белен Родригез тврдеше дека позитивниот тест е од вагиналната крема која таа ја користела. Тој доби три месеци суспензија.

9.ФАБИО ЛУЧОНИ
Лучони беше позитивен на стероидот клостебол во септември 2017, наводно поради грешка на неговиот доктор. Тој доби едногодушна суспензија и уште игра во Палермо во Серија Б на 35 години.

10.ЖОАО ПЕДРО
Како напаѓач на Каљари, тој беше позитивен на хидрхлоротијазид во февруари 2018 година. Доби шестемесечна суспензија, но се врати на терените неколку месеци подоцна. Тој остана со Каљари до 2022 и дебитираше за италијанската репрезентација против Македонија во неславниот (за нив) 1:0 пораз во Палермо.

Scroll to Top