Top Sport

Дали Челси ќе ги „збогати“ Интер за 130 милиони евра за тројца играчи?

Откако лани им го продадоа Ромелу Лукаку за 113 милиони евра, Интер може да инкасира уште 130 милиони евра од Челси, откако „сините“ се заинтересирани за тројца играчи на „нераѕурите“ – Милан Шкринијар, Дензел Дамфрис и Чезаре Касадеи, тврди „Калчомеркато“.

Двата клуба имаат добра соработка, што најдобро се гледа преку случајот на Лукаку, за кого иако платија огромна сума, оваа сезона го пуштија на позајмица во Интер за минијатурна сума.

Според „Калчомеркато“, Интер го ценат Шкринијар на 70 милиони евра, левото крило Дамфрис на 40 милиони евра и членот на младинскиот тим, Касадеи на 8 милиони евра, или вкупно 130 милиони евра.

Scroll to Top