Top Sport

Алпин ќе го замени Фернандо Алонсо со шампионот во Формула 2

Актуелниот шампион во Формула 2, Оскар Пјастри, следната сезона ќе го замени Фернандо Алонсо во болидот на тимот на Алпин.

Фернандо Алонсо официјално го напушта Алпин и се сели во Астон Мартин во 2023 година, со што се отвора место во францускиот тим за нов возач.

Тоа место ќе му припадне на Австралиецот Оскар Пјастри, кој минатата сезона ја освои шампионската титула во Формула 2.

Scroll to Top