Top Sport

Дали Црвена звезда ќе ја добие „контроверзната“ титула од 1946 година?

Правната комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) ја прифати иницијативата на Црвена звезда и им ја призна 30-тата титула во историјата, освоена во далечната 1946 година и покрај тоа што Спартак од Суботица подеднакво сметаат дека се шампиони на Србија од таа пост-воена година.

Оваа одлука уште не е потврдена, бидејќи треба да се потврди на собранието на ФСС на 14 мај. Од Спартак се бунат бидејќи таа година тие победиле во првенството на Војводина, со што обезбедиле пласман во Првата сојузна лига во 1946/47, слично како што Звезда победи во шампионатот на Србија.

Првиот фудбалски шампионат на Југославија по Втората Светска Војна беше еднонеделен турнир во септември 1945 година, во кој настапуваа „репрезентациите“ на републиките: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, како и Војводина, додека свој тим имаше и тимот на Југословенската народна армија (ЈНА).

Србија ја победи ЈНА со 1:0, по што следната сезона беа организирани републички шампионати за пополнување на првата сојузна лига во 1946/47 со 14 екипи (пет од Србија, четири од Хрватска, еден од БиХ, Словенија, Црна Гора, Македонија и Трст). Од Македонија настапуваше тимот на Победа, кој во 1947 година се спои со ФК Македонија за да се формира ФК Вардар.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска на сличен начин му додаде еден трофеј на Хајдук од Сплит, бидејќи таа 1946 година, тие беа шампиони во лигата на Хрватска.

Scroll to Top