Top Sport

Фенер победи со 76 поени разлика, Арна постигна 51 поен! (видео)

Кошаркарите на Фенербахче стигнаа до нова доминантна победа во турскиот шампионат, откако со дури 76 поени разлика (138:62) го победија тимот на Сакарија, исфрлајќи го клубот во втората лига.

Неверојатен меч имаше 22-годишниот Егехан Арна, кој имаше дури 51 поен – 20-од-31 од игра, 10-од-15 тројки, а додаде и 14 скока и 5 асистенции. Арна е продукт на школата на Фенербахче, играјќи со клубот од Истанбул од својата седма година.

Мора да се напомене дека поради финансиски проблеми Сакарија играше со аматерски кошаркари, но сепак, 138-те поени се рекорд во турската лига. Тимот на Жељко Обрадовиќ уште ја нема обезбедено првата позиција пред плеј-офот, бидејќи Анадолу Ефес може да ги претекне доколку го добие следниот меч.

Scroll to Top