Top Sport

Дали Дембеле ги одигра најлошите минути во историјата на финалињата на СП?

Многу работи не одеа како што треба во француската репрезентација во финалето на СП против Аргентина, првично отсуствата на клучните играчи поради повреди (Бензема, Канте…), потоа лошата игра на целиот среден ред, но според многу фудбалски фанови најмногу во очи паѓа „најлошиот настап“ во историјата на финалињата на СП на Усман Дембеле.

Со него во нападот, Франција немаше ниту еден допир во противничкиот шестнаесетник, а покрај тоа во 23. минута тој го собори Анхел ди Марија во шестнаесетникот за Лео Меси да ги донесе Аргентинците во водство. Затоа не беше чудно што Дидие Дешам реши да го повлече во игра по помалку од 40 минути игра.

Индивидуалната статистика е уште полоша – тој не доби ниту еден од петте дуели со противниците, ја загуби топката седум пати и двапати беше издриблан.

Scroll to Top