Манчестер јунајтед се блиску до првото засилување во јануарскиот преоден рок, откако се договориле со Спортинг Лисабон за трансферот на Бруно Фернандеш во договор вреден 55 милиони евра, тврдат повеќе англиски и португалски извори.
Јунајтед на крајот може да платат до 80 милиони евра на Спортинг, откако се договорени поголем број на клаузули во договорот за трансфер, јавува порталот „Гол“. Дури 10 милиони евра од овие пари ќе бидат лесно достапни, додека за конечните 15 милиони треба Јунајтед да освојува титули, а Фернандеш индивидуални награди. Спортинг бараа 80 милиони евра, а Јунајтед првично понудија 50 милион иевра.
Откако денеска се појавија шпекулации дека и Барселона имаат интерес за Фернандеш, кого потоа би го пратиле во Валенсија како замена за Родриго Морено, се верува дека Фернандеш утре ќе отпатува во Манчестер, пред да дебитира за премиерлигашот во сабота против Вулверхемптон.
BREAKING: Manchester United are closing in on Sporting’s Bruno Fernandes after an increased bid for the midfielder, according to multiple reports pic.twitter.com/Qz0FpYsdv0
— B/R Football (@brfootball) January 28, 2020
Man Utd are close to completing a deal for Sporting Lisbon midfielder Bruno Fernandes https://t.co/P4S5q8dt3l #MUFC pic.twitter.com/XebJihUan0
— BBC Sport (@BBCSport) January 28, 2020