Top Sport

Дали е ова безбедно? Американска фудбалерка тренира во деветти месец бременост (видео)

Американската фудбалска ѕвезда Алекс Морган доби огромен број на пофалби, но и критики откако го објави своето последно видео на кое тренира иако е во деветти месец на бременоста.

30-годишната Морган, двократна светска шампионка со САД, заедно со сопругот Сервандо Караско го очекува своето прво дете (девојче) овој месец, но тоа не ја спречува да оддржува стриткна и напорна тренинг-рутина, која секогаш ја споделува на социјалните мрежи.

„Гаражна работа овој ден. Останете дома и останете мотивирани“, напиша Морган.

Поголем дел од коментарите на нејзините фанови ја фалат како инспирација за сите мајки и бремени жени, но некои од нив беа загрижени дали таа би требало да тренира толку напорно во толку напредната бременост.

 

View this post on Instagram

 

Garage workout of the day! #powerrunsinthefamily #StayHomeStayMotivated

A post shared by Alex Morgan (@alexmorgan13) on

 

View this post on Instagram

 

Thank you @glamourmag for capturing such a special moment in my life in the best way. Link to the April issue in bio!

A post shared by Alex Morgan (@alexmorgan13) on

Scroll to Top