Top Sport

Дали е ова најглупавиот потег во историјата на фудбалот? (Видео)

Најбизарниот фудбалски потег, веројатно, не само за оваа година, доаѓа од Романија. Клуж и Астра, пред два дена играа натпревар во Купот, кој завршил со победа на гостите 4:3.

Но, играчите на Астра требало да победат со 5:3 и тоа ќе се случело доколку Валентин Георге не направил еден од најглупавите потези во историјата на фудбалот.

Во 123.минута, кога и голманот на Клуж бил далеку од својот гол, за да им помогне на соиграчите, противиниците тргнале во контра-напад. Двајца играчи на Астра непречени од никого трчале кон празниот гол, Ларентину Бус ја упатил топката кон празната мрежа, а потоа Георге прави глупост. Иако е во голем офсајд тој ја допира топката за да го потврди голот.

Scroll to Top