Top Sport

Селтикс со клупски рекорд го срушија Милвоки (Видео)

Во НБА лигата нема повеќе непоразени тимови, откако Бостон Селтикс ги совладаа Милвоки Бакс 117:113. Во Источната конференција, Милвоки има седум победи и еден пораз, идентичен скор имаат Торонто Репторс, додека Бостон по осум натпревари имаат пораз повеќе.

Дуелот тимовите на кои им се прогнозира висок пласман, мина во целосна доминација на Селтикс. Играчие на Бостон ја запишаа четвртата победа во низа и воедно поставија клупски рекорд според бројот на постигнати тројки. Селтикс реализираа 24 тројки од 55 обиди.

Инаку, Селтикс доминираа во првите три четвртини, поради што може да си дозволат последниот период да го загубат со 11 поени, а сепак да запишат победа.

Селтикс до победата го предводеше Кјари Ирвинг со 28 поени, а по 18 постигнаа Ал Хорфорд и Гордон Хејворд. Јанис Адетокумбо на спроитвната страна забележа 33 поени и 11 скока.

Scroll to Top