Менаџерот на Арсенал Унаи Емери и техничкиот директор на клубот, Еду имале клучни разговори со Гранит Џака по неговата бурна реакција кон фановите во текот на неделното реми со Кристал палас, но уште не е јасно дали тој ќе успее да ја заддржи капитенската лента.
Џака беше исвиркан кога беше заменет во 60-тата минута од мечот на „Емирати“, по што ги провоцираше сопствените навивачи и ги опцу. По ова голем број на поранешни играчи на Арсенал побараа да му биде одземена капитенската лента, и клубот одговори со повикување на 27-годишниот Џака на разговори, но соопштението за јавноста ќе почека до утре.
Емери изјави дека е „погрешно“ така да се реагира кон сопствените навивачи, но додаде дека ситуацијата ќе се разгледа „внатрешно во клубот“.
Од друга страна, Џака е популарен во соблекувалната на клубот и неговиот соиграч Ектор Белјерин на социјалните мрежи го бранеше.
„Сите сме луѓе, сите имаме емоции и понекогаш не е лесно да се носиш со нив. Време е да се кренеме, не да се оттурнуваме. Победуваме само кога сме заедно“, напиша Белјерин.
Дани Себалјос, кој летото дојде во Арсенал, исто така побара единство по притисокот по слабата форма на тимот.
„Стартот е да бидеме обединети, да бидеме обединети е прогресот и само така можеме до успехот“, напиша Себалјос.
Сепак, легендата на Арсенал, Јан Рајт вели дека навивачите и клубот заслужуваат извинување.
„Тој треба да се извини. Тоа е капитенски. Веќе требаше да се има извинето. Инаку не се работи за капитенско однесување. Навивачите на Арсенал покажаа големо трпение со него и тој им должи повеќе отколку тие нему“, вели Рајт.
Каков е ова капитен? Џака ги пцуеше и провоцираше сопствените навивачи (видео)