Тинејџерската сензација на Ред бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд го израмни остварувањето на Вејн Руни со спектакуларен хет-трик во првото полувреме во својот прв меч во Лигата на шампионите, победата од 6:2 над Генк.
19-годишниот Норвежанец постигна три од петте гола на Салцбург во првото полувреме, со што е првиот тинејџер кој постигнал повеќе од еден гол во своето деби во ЛШ од хет-трикот на Вејн Руни за Манчестер јунајтед при 6:2 победата над Фенербахче во септември 2004 година. Тој со своите 19 години и 58 дена исто така е третиот најмлад фудбалер со хет-трик во ЛШ зад легендата на Реал Мадрид, Раул (18 години и 113 дена во 1995) и Руни (18 години и 340 дена во 2004).
Со ова само се докажа талентот на Халанд, кој оваа сезона ги предводеше Салцбург до победа во првите седум кола од австриската лига со неверојатни 11 гола. Покрај тоа, тој постигна и хет-трик во 7:1 победата над Парндорф во австрискиот куп.
?? @RedBullSalzburg’s Erling Håland:
? First half @ChampionsLeague hat trick.
? 4th hat trick this season.
⚽️ 17 goals in 9 games.
? Scored 9 in 1 game for Norway U20s.
? First teenager to score a hat-trick on CL debut since @WayneRooney.
? He’s just 19 years old. pic.twitter.com/So5SD3C39Y
— SPORF (@Sporf) September 17, 2019