Top Sport

Цонга ќе го пропушти САД опен

Поранешниот најдобар француски тенисер, Жо-Вилфрид Цонга мораше да се повлече од последниот гренд слем оваа година, САД опен, откако не успеа да се опорави од операцијата на коленото.

Цонга беше на операција во април, но 33-годишниот ветеран уште не е подготвен за гренд слем тенис, објаснувајќи дека нема доволно сила за мечеви во три добиени сета.

„Потребно ми е време да се залечи коленото и засега не можам да се натпреварувам и морам да се откажам од Флешинг Медоуз. Се надевам дека ќе почнам со тенисот пред крајот на сезоната. Не е лесно, но не се откажувам“, вели Цонга.

Светскиот број 64., има три четврт-финалиња на САД опен, во 2011, 2015 и 2016 година.

Scroll to Top