Манчестер јунајтед не успеа да го победи Њукасл. И покрај тоа што „црвените ѓаволи“ постигнаа два гола, натпреварот заврши 0:0. Два гола му беа поништени на Кристијано Роналдо.
Контроверзен е вториот гол, кога ја зеде топката пред голманот на Њукасл, Ник Поуп и ја погоди празната мрежа. Прашање е дали судијата даде знак да се изведе слободниот удар или не.
На снимката се слуша судиското свирче, а потоа дефанзивецот му ја враќа топјата на голманот Поуп.
Топката беше кај Поуп, а Роналдо му ја зеде и постигна гол и веднаш покажа кон одбранбениот фудбалер на Њукасл.
Роналдо му кажа на судијата дека тој го дал знакот и дека топката е вратена назад, па така прекинот бил изведени играта продолжила. На крајот Роналдо поради протестите доби жолт картон.
Robbed of a clear penalty, and denied a clear goal, this agenda against Cristiano Ronaldo isn’t funny anymore. pic.twitter.com/LIouhhPqoY
— ً (@erlingtxt) October 17, 2022