Top Sport

Дали италијанската влада воопшто сака враќање на Серија А?

Професорот Енрико Кастелачи, главниот доктор на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) вели дека се сомнева во желбата на италијанската влада за враќање во Серија А по контроверзните протоколи за враќање на шампионатот.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора се закани дека ако некој член на фудбалските клубови биде позитивен на корона вирусот, цел тим ќе треба да оди во изолација, практички ставајќи крај на шампионатот. Ова е во спротивност од препораките во Бундеслигата (која стартува овој викенд), каде што се препорачува изолација само на позитивниот.

Кастелачи вели дека се работи за преголеми барања од клубовите од Серија А и практично невозможни за клубовите од Серија Б.

„Ако навистина сакаат да продолжи Серија А, едноставно требаше да се ископира методологијата на Бундеслигата, која е најприфатлива. Да не се споменува фактот што кога фудбалерите би гостувале на натпревар, имаат шанса да налетаат на некој кој е позитивен и да се заразат и сè да сопре. Затоа морам да се прашам, дали сакаат фудбалот да продолжи или сакаат да го сопрат без директна наредба“, вели Кастелачи.

Scroll to Top