Top Sport

Ибра се спореди со Џордан: Така е кога работиш со победник!

Златан Ибрахимовиќ, како и сите фанови на НБА кошарката ја следи документарната серија „Последниот танц“ за великанот на Чикаго булс, Мајкл Џордан, и директно се спореди со Американецот велејќи дека така е кога работиш со победници, без пардон за чувствата на соиграчите.

Документарната серија на „ЕСПН“ оди во длабочина на односите на Џордан со неговите соиграчи, како физичкиот напад над соиграчот, а сега тренер на Голден стејт, Стив Кер, како и грубиот третман на Скот Барел.

„Победата има цена и лидерството има цена. Ги влечев луѓето кога тоа беше потребно, ги предизвикував кога не сакаа да бидат предизвикани. Го заработив тоа право бидејќи соиграчите дојдоа по мене. Кога доаѓаш во тим каде што сум јас треба да оддржуваш одредено ниво“, вели Џордан во седмата епизода.

Ова, очигледно, многу му се допаѓа на Ибрахимовиќ.

„Убаво е да е погледа ’Последниот танц’. Сега гледате како е да се игра со победник. Или ти се допаѓа или не. Ако не ти се допаѓа, не ја играј играта“, напиша Ибрахимовиќ на Твитер.

Ибрахимовиќ е во карантин во Италија пред камбекот на Серија А со Милан и тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли неодамна го спореди Швеѓанецот и неговата работна етика со таа на Роџер Федерер.

Scroll to Top