Top Sport

Дали „клетвата од седум сезони“ на Јирген Клоп ќе се реализира оваа сезона?

Саботниот меч на Јирген Клоп на „Енфилд“ започна со несреќно лизгање кое можеше да има последици, а заврши со зачудувачки пораз од 1:2 од Лидс во драматичен меч, по кој Ливерпул се на шокантното деветто место на табелата со дури 13 поени заостанување зад лидерот Манчестер сити, по што дел од фудбалските фанови на социјалните мрежи сметаа дека почна да се исполнува „клетвата на седум сезони“ на германскиот тренер.

Теоријата вели дека по седум години, Клоп си заминува од тимот каде што постигнал голем успех. Во првата тренерска работа во Мајнц, Клоп првпат во историјата го внесе клубот во Бундеслигата, но три години подоцна (во неговата седма сезона), Мајнц повторно испаднаа од елитата. По ова, тој си замина од клубот, потпишувајќи со Борусија Дортмунд.

Со „милионерите“ тој освои две титули во низа во Бундеслигата и стигна до едно финале во Лигата на шампиони, пред во седмата сезона на „Сигнал Идуна Парк“ да го загубат Роберт Левандовски (кој замина во Баерн) и бе само седми на табелата, по што Клоп си замина.

И дојдовме до Ливерпул – Клоп е во својата седма сезона на „Енфилд“, период во кој тој ја „скрши“ клетвата од 30 години без лигашка титула, освои еден трофеј од Лигата на шампиони и играше во уште две финалиња, а имаше и по еден ФА куп и Лига куп трофеј. Оваа сезона, пак, резултатите зборуваат гласно за сите навивачи на „црвените“.

Scroll to Top